Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска женска кошаркарска лига, откако во рамки на третото коло Баскет Кам 2011 на гостински терен со минимални 72-70 го совлада лидерот Бадел 1862.

Актуелниот шампион и освојувач на Купот, направи голем пресврт во второто полувреме од средбата во неделата вечер во салата „Независна Македонија“ и во неизвесен финиш стигна до првиот триумф во домашното првенство.

Во останатите натпревари, МЗТ Скопје Аеродром стигна до изненадувачка победа против Струга 2009 (69:58), додека пак кошаркарките на Вардар стигнаа до планираните бодови во натпреварот со екипата на Пробаскет (78:64).

Дерби-дуел се играше и во групата „Б“, во Скопје, новакот во оваа конкуренција, екипата на Гризли, славеше сигурна победа против лидерот на табелата, кавадаречки Трокал (61:44), па сега двете екипи се израмнети според бројот на порази, по два, и со подеднакви шанси за пласман во елитната група.

ТАБЕЛА: Бадел 1862 29, Баскет Кам 2011 28, Вардар 25, Струга 2009 20, Крива Паланка 20, МЗТ Скопје Аеродром 17, Пробаскет 14.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 14:18