Кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Карл-Ентони Таунс постави нов клупски рекорд. Тој ноќеска во гостинската победа над Сан Антонио (149:139) постигна 60 поени и забележа 17 скока.
Таунс е рекордер по бројот на постигнати поени на една средба, водено тој го надмина сопствениот рекорд од 56 поени, постигнати во 2018 година во победата над Атланта.
Исто така, Таунс стана играч со најмногу поени во еден натпревар во НБА оваа сезона.
Минесота со биланс 40 победи и 30 порази се наоѓа на 7. место во Западната конференција од НБА-лигата.
Сан Антонио има 26 порази и 43 победи и е на 12. позиција.