Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ ги пофали своите кошаркари за прикажаната игра на синоќешниот дуел со Широки во 11. коло од регионалната АБА 2 лига.
МЗТ Скопје Аеродром го победи Широки со 91:78.
– Одигравме одличен натпревар. Договореното и за во одбрана и за во напад го испочитувавме. Го контролиравме скокот, резултатот. Честитки до Широки за добрата и фер игра и до публиката која беше коректна, изјави Петровиќ.
Ова беше прва победа за „сино-белите“ на последниот „балон“ во лигата кој се игра во Широки Брег.
На табелата МЗТ Скопје е прв со 20 бода, но и натпревар повеќе од Борац Бања Лука.
Вториот македонски претставник, тимот на Пелистер од Битола има 14 бодови и се наоѓа на 11. место.