Кошаркарите на Пелистер го запишаа деветтиот пораз во регионалната кошаркарска АБА 2 лига. Битолчани синоќа во Широки Брег загубија од фаворизираниот Хелиос Санс со 85:81.
Македонскиот претставник одигра добар натпревар, по шест минути водеше со осум разлика (17:9), на четири минути пред крајот водеше со 74:72, но не издржа во самиот финиш.
По 12 одиграни натпревари Пелистер има три победи и девет порази и на едно коло пред крајот на основниот дел на лигата се наоѓа на 11.место без шанси за плејоф.
Хелиос има биланс 9-3 (победи-порази) и е сигурен учесник на Ф8 турнирот кој ќе се одржи во Скопје.