Најдобриот кошаркар на Бруклин, Кајри Ирвинг, отсега ќе може да игра на домашен терен за својот тим во НБА.

Во четвртокот, градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, официјално го објави укинувањето на уредбата со која на невакцинираните спортисти им се забранува влез на спортските терени.

Така Ирвинг ќе може да игра против Шарлот. Натпреварот ќе се одигра на 28 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2022 14:13