Кошаркарите на Пелистер попладнево во Широки Брег го совладаа тимот на Спарс од Сараево со 97:90 во последниот свој настап во регионалната кошаркарска АБА 2 лига.
Битолчани беа поуспешни во сите четири периоди (29:27, 25:24, 23:20 и 20:19) и заслужено стигнаа до четвртата победа во второто по квалитет регионално натпреварување.
Игор Кесар со 24 и Никола Малешевиќ со 23 поени беа најефикасни во победничкиот состав.
Пелистер и покрај победата не успеа да се пласира на завршниот турнир, на којшто ќе игра вториот македонски претставник и во моментов лидер во лигата, МЗТ Скопје Аеродром.