Торонто ја со совлада Индијана на домашен терен во највозбудливиот натпревар одигран синоќа во НБА лигата, што околу еден час беше прекинат поради пожар и евакуација на публиката.

Пожарот во првата четвртина го предизвика електричен дефект на звучникот во „Скотиабанк арена“ во Торонто, по што дојде до евакуација на публиката, а екипите го напуштија теренот во 4:05 минута од втората четвртина при водство на Торонто од 66-38.

Доминацијата на Торонто продолжи и по принудната пауза од 65 минути и без публика на трибините, триумфирајќи на крајот со високи 131-91.

Резултати од натпреварите одиграни во НБА лигата ноќта меѓу саботата и недела: Њу Орлеанс – Сан Антонио 103-107, Орландо – Сакраменто 110-114 (по продолжение), Торонто – Индијана 131-91, Кливленд – Чикаго 94-98, Мајами – Бруклин 95-110, Мемфис – Милвоки 127-102, Денвер – Оклахома 113-107, Портланд – Хјустон 98-115.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2022 11:35