Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг го ноќеска имаше своето деби во „Баркли Центар“ за сезоната 2021/22.

Невакцинираниот Кајри доби можност да игра дома благодарение на промената на регулативите за КОВИД-19 во Њујорк што стапија на сила минатата недела.

На средбата со Шарлот хорнетс (110:119), Ирвинг за 41 минута постигна 16 поени (6 од 22 од поле), два скока и 11 асистенции.

– Не, го постигнавме резултатот што се очекуваше, а јас не шутирав на најдобар начин. На сè на што се надевав денес не се оствари, но ова е кошарка, тоа се случува, изјави Ирвинг по поразот од Хорнетс.

Бруклин со 39 победи и 36 порази се наоѓа на 9.место во Источната конференција од НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2022 13:24