Во првата четвртина на натпреварот со Њу Орлеанс одигран ноќеска, лидерот на Лејкерс, Леброн Џејмс, заработи повреда на левиот зглоб кога му згазна на стапалото на Џексон Хејс.

По натпреварот кој заврши со победа на Њу Орлеанс, Леброн рече дека се надева дека ќе избегне отсуство од следните натпревари.

– Се надевам дека нема да има пропуштени натпревари. Се надевам дека ќе функционира. Секогаш се трудам да избегнам да отсуствувам. Не знам ни како го завршив мечот. Ја гледав репризата, сето тоа изгледа многу непријатно. Чувствата се исто така страшни, рече Џејмс.

Џејмс теренот по неделниот натпревар го напушти со куцање. И покрај повредата, тој постигна 39 поени.

Лејкерси в среда треба да ги одмерат силите со Далас Маверикс.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2022 16:39