Раководството на македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув попладнево соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Перо Блажевски.

– Управата на КК Кожув одлучи до крајот на оваа сезона првата екипа да ја води досегашниот помошник Илија Ефтимов. На сега веќе бившиот тренер Перо Блажевски му се заблагодаруваме за придонесот кој го даде за Кожув и му посакуваме понатамошен успех во тренерската кариера. Соработката беше прекината спогодбено со меѓусебен договор и взаемен интерес на двете странки, објави на својот Фејсбук клубот од Гевгелија.

Блажевски во Кожув дојде во текот на сезоната, но не успеа да ги донесе посакуваните резултати.

Кожув на две кола до крајот во македонското првенство има седум победи и 13 порази и се наоѓа на 9. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2022 16:14