Играчот на Детроит пистонс, Џерами Грант нема да му помогне на тимот во блиска иднина.

Според „ESPN“, кошаркарот ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на потколеницата на левата нога.

Дваесет и осумгодишниот Американец се повреди во петокот на натпреварот со Вашингтон од регуларниот дел од НБА лигата (97:100).

Оваа сезона, Грант одигра 47 натпревари со просек од 19,2 поени, 4,1 скока и 2,4 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2022 13:45