Американскиот кошаркар Шејн Гетлинг ги засили редовите на макеоднскиот прволигаш Гостивар, доаѓајќи во клубот на местото на сонародникот Кевин Дилард.

Станува збор за 24-годишен плејмејкер кој доаѓа во макеоднското првенство од редовите на босанскиот прволигаш Промо, за кој сезонава во просек постигнуваше по 19.8 поени по натпревар.

Раководството на Гостивар се одлучи да донесе ново американско засилување, откако го раскина договорот со Дилард, кој и покрај своето големо искуство од настапи во силни европски лиги, не ги исполни очекувањата на гостиварскиот клуб



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2022 20:44