НБА лигашот Голден Стејт објави денеска дека најдобриот клупски стрелец Стивен Кари ќе го пропушти остатокот од регуларниот дел од сезоната поради истегнувањето на лигаментите на левото стапало, но оти би можел да биде подготвен за плејофот.

Кари се повреди на 16 март во дуелот против Бостон по контакт со Маркус Смарт, и веќе ги пропушти последните седум натпревари на Голден Стејт.

Во клупското соопштение се додава дека рехабилитацијата на Кари „добро напредува“.

– Се надевавме дека Стив ќе може да одигра барем еден или два натпревари во регуларниот дел, но не испадна така. Меѓутоа, не сум загрижен за него, доволен му е еден шут да се врати во својот ритам, изјави тренерот на Голден Стејт, Стив Кер.

Кари сезонава во просек постигнува по 25.5 поени по натпревар, со 6.3 асистенции и 5.2 скокови.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2022 17:41