Познати се сите тимови кои ќе учествуваат во плејофот и плејинот од НБА сезоната 2021/22 од Западната конференција.

Во плејофот пласман обезбедија: Феникс, Мемфис, Голден Стејт, Далас и Јута. Денвер е на шестото место и сепак би можел да падне во плеј-ин зоната во која дефинитивно ќе играат Клиперс, Њу Орлеанс и Сан Антонио. Минесота е на седмото место и има шанси да се искачи во плејоф зоната.

За потсетување, местата од седум до десет ќе играат во плеј-ин рундата за две места во плејофот.

Плејин натпреварите игрите ќе се одржат од 12 до 15 април. Плејофот ќе започне на 16 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2022 12:31