Официјалната веб-страница на НБА го ажурираше рејтингот на претендентите за наградата за најкорисен играч (МВП) во сезоната 2021/22.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ продолжува да води, пред Јанис Адетокумбо од Милвоки и Џоел Ембиид од Филаделфија).

Девин Букер од Феникс напредуваше едно место и сега е на 4. позиција, додека Лука Дончиќ (Далас) се врати во првата петорка.

Листа на првите пет претендентите за наградата МВП на сезоната 2021/22 во НБА лигата:

1. Никола Јокиќ, Денвер – 27,1 поен, 13,8 скока, 7,9 асистенции

2. Јанис Антетокунмпо, Милвоки 29,9 поени, 11,6 скока, 5,8 асистенции

3. Џоел Ембиид, Филаделфија 30,4 поени, 11,6 скока, 4,2 асистенции

4. Девин Букер, Феникс 26,7 поени, 5,0 скока, 4,9 асистенции

5. Лука Дончиќ, Далас 28,3 поени, 9,2 скока, 8,8 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2022 02:12