На вториот ден на турнирот „YDF“ во Косово, двете македонски селекции „Под 14“ години ги загубија дуелите со соодветните селекции на Турција.
Во женскиот дуел, младите кошаркарки на Турција славеа победа од 71:43, додека младите кошаркари беа поразени со 98:58.
Според распоредот денес од 10 и од 12 часот, македонските репрезентации ќе с есоочат со Романија, додека учеството на турнирот утре ќе го комплетираат со двомечот против репрезентациите на Бугарија.