НБА за последен пат ги прогласи најдобрите играчи на месецот во регуларниот дел од сезоната 2021/22. Центарот на Денвер, Никола Јокиќ е прогласен за најдобар во Западната конференција, а кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо е прогласен за најдобар во Источната конференција.

Јокиќ им помогна на Нагетс да стигнат до 12 победи со просечни 31,6 поени, 13,7 скока и 7,5 асистенции по натпревар.

Адетокунбо ги предводеше Бакс до 14 победи од нивните 20 натпревари со просек од 31,5 поени, 12,3 скока и пет асистенции по натпревар.

Да потсетиме дека Јокиќ и Адетокунбо се исто така кандидати за МВП на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 09:28