Екипата на Борац Бања Лука е првата која обезбеди пласман помеѓу четирите најдобри на завршниот турнир од регионалната АБА 2 лига што се игра во Скопје.

Во денешното прво четвртфинале Борац по драматичен финиш го совлада Младост Земун со 80:79, по четвртини 17:11, 26:22, 22:20 и 15:26.

Младост Земун кој во најголем дел од натпреварот беше во двоцифрена негатива, во последните секунди промаши шут за победа, а потоа и слободно фрлање за продолжение.

Најефикасни во победничката екипа беа Болдвин со 18 и Шешлија со 17 поени, кај поразените Гавриловиќ имаше 27 поени.

Во текот на денот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одиграат и преостанатите три средби од четврфиналната фаза. Двојките се: Хелиос – Златибор (15 часот) МЗТ Скопје Аеродром – Сутјеска (18 часот) Широки – Спарс (21 часот).



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 14:08