Кошаркарот на Атланта, Де’Андре Хантер зборуваше за расположението во тимот по големата победа над Шарлот (132:103) остварена ноќеска во првиот натпревар од плејин турнирот.
Хантер на овој дуел постигна 22 поени и седум скока.
– Плејинот е како турнирот „NCAA“. Не знам ни како да реагирам овде. Денес победивме, па претпоставувам дека ми се допаѓа. Но, тешко е да се каже со сигурност. Ни претстои тешка задача. Сега сме полни со самодоверба. Но, имаме уште многу да направиме. Не застануваме тука, изјави Хантер.
Атланта во натпревар за влез во плејофот ќе се соочи со Кливленд.