Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар од разигрувањето во НБА лигата, кога неговиот Далас в сабота ќе биде домаќин на Јута.

По извршената магнетна резонанца е констатирано дека најдобриот кошаркар на Далас на последниот натпревар од регуларниот дел го повредил листот на ногата и со сигурност ќе го пропушти стартот на плејофот.

Далас сезонава има ефект од 52 победи и 30 порази, но загуби девет од 17 натпревари на кои играше без Дончиќ.

Словенецот во регуларниот дел е трет стрелец во НБА лигата со просек од 28.4 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 10:15