Третиот стрелец во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига Стефан Крстајиќ ги засили редовите на Пелистер за претстојниот старт на разигрувањето за титулата, соопшти официјално попладнево битолскиот клуб.
Довчерашниот кошаркар на Навико ФМП Академија потпиша договор со Пелистер до крајот на оваа сезона.
Српскиот кошаркар (27), како што е соопштено, денеска ќе го има првиот тренинг во новата средина, а за Пелистер се очекува да дебитира в понеделник на натпреварот Феникс 2010.