Актуелниот тренер на Ефес Анадолу, Ергин Атаман, вторпат во кариерата е назначен за селектор на кошаркарската репрезентација на Турција, јавија денеска локалните медиуми.

Во својот прв селекторски мандат, 56-годишниот Атаман ја предводеше Турција од 2014 до 2016 година, а овојпат, како што самиот најави, ќе се обиде да ги освои сите можни медали кои стојат пред него и неговата репрезентација.

– Многу сум амбициозен и сакам да ги освојам сите трофеи, без разлика која екипа или репрезентација ја предводам. Дојдов на оваа позиција за да освојам медали на Европското и Светското првенство, како и на Олимпијадата, порача Атаман, кој минатата сезона со Ефес ја освои титулата во Евролигата и воедно беше прогласен за најдобар тренер во елитното европско клупско натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2022 03:13