Кошаркарот на Голден Стејт, Џордан Пул стана третиот играч во историјата на Вориорс кој постигнал 30 поени или повеќе во своето деби во плејофот.
Пред него само Вилт Чембрлен (35) и Мич Ричмонд (30) има атакво достигнување.
Ноќта сабота кон недела, во првиот натпревар од НБА плејофот прво коло, против Денвер (123:107, 1-0), 22-годишниот играч влезе на теренот наместо Стеф Кари, кој пропушти еден месец поради повреда. Пул реализираше 9 од 13 од поле, 5 од 7 од зад линијата за три поени, 7 од 8 од линијата за слободни фрлања и направи 3 асистенции, 1 скок и 3 загубени топки за 30 минути на теренот.
Пул, исто така, стана само вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 30+ поени и постигнал пет тројки во своето деби во плејофот. Претходно само Кајри Ирвинг (2015) успеа да го направи тоа.