Кошаркарот на Денвер и актуелен МВП, Никола Јокиќ, ѕвездата на првакот Милвоки, Јанис Антетокумпо и играчот на Филаделфија, Џоел Ембид, се тројцата кандидати за титулата најкорисен играч сезонава во НБА лигата.
Јокиќ во регуларниот дел од сезоната во просек постигнуваше по 27.1 поени, 13.8 скокови и 7.9 асистенции и го однесе Денвер до шестото место на Западот.
Ембид во просек постигнуваше 30.5 поени со 11.7 скокови и 4.2 асистенции, додека Антетокумпо имаше просек од 29.9 кошеви, 11.6 скокови и 5.8 асистенции.
За тренер на годината се номинирани Тејлор Џенкинс (Мемфис), Ерик Споелстра (Мајами) и Монти Вилијамс (Феникс).
Наградите ќе бидат доделени во текот на разигрувањето за титулата.