Само два месеца откако го ангажираше Морис Кари, раководството на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром одлучи денеска да ја прекине соработката со американскиот плејмејкер.

-Тој во нашиот клуб дојде кон крајот на јануари, во пресрет на вториот дел од сезоната во домашното првенство и во АБА2-лигата, но не се снајде најдобро и не прикажа ниту дел од квалитетот кој се очекуваше од него, се наведува во клупското соопштение.

Кари одигра шест средби во македонското првенство со просек од четири поени и 2,7 асистенции додека во регионалната АБА 2 лига на девет средби просечно реализираше три поени со 1,4 скока и 1,8 асистенции.

Местото на Кари во МЗТ Скопје веќе е пополнето со неговиот сонародник Бре Ајви, зад кого е фантастична сезона со одлични бројки во дресот на Академија ФМП и чие деби се очекува вечерва против ТФТ Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 16:46