Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ објави дека има желба да игра на третиот натпревар од плејофот од првото коло на НБА против Јута.

– Не знам дали ќе бидам 100 отсто подготвен, но сакам да бидам на теренот доколку не постои ризик од влошување на повредата, изјави Дончиќ за „ESPN“.

Да потсетиме дека 23-годишниот Словенец ги пропушти првите два меча од серијата со „Џезерите“ поради истегнување на мускулот на потколеницата.

Третиот натпревар од серијата ќе се одигра во петок наутро со почеток во 3 часот по македонско време.

Резултатот во серијата прв до четири победи е нерешен – 1:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 09:21