Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг, е казнет парично со 50.000 долари поради недолично однесување на првиот натпревар од плејофот одигран во Бостон, во кој домашните „Селтикси“ славеа со 115-114 со кошот на Џејсон Тејтум во последната секунда, соопштија од канцеларијата на НБА.

Казната е изречена ден пред вториот натпревар од плејофот во кој Бостон во средата вечер повторно славеше (114-107) и поведе со 2-0 во серијата до четири победи.

Ирвинг е казнет бидејќи на публиката во ТД Гарден и покажа „среден прст“ и упати неколку пцости кон навивачите на Бостон.

Поранешниот кошаркар на „Селтикси“ уфрли против својот поранешен клуб 39 поени и малку недостасуваше да биде јунак во победа на Бруклин, но неговиот труд во последната секунда го поништи Тејтум.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 16:05