Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, ќе мора да го оперира палецот на десната рака по завршувањето на актуелната сезона во НБА лигата, потврди денеска неговиот тренер Док Риверс.
– Со магнетната резонанца е потврдено истото што го претпоставувавме. Но, ништо не се менува. Третманот е ист. Буквално нема да има промени. Знаевме дека до ова ќе мора да дојдеме, така што мораме да продолжиме понатаму, изјави тренерот на Филаделфија.
Ембид, кој е еден од тројцата кандидати за титулата МВП сезонава, се повреди во првото полувреме од третиот натпревар од плејофот против Торонто.
Филаделфија води со 3-1, а петтиот натпревар се игра доцна вечерва.