Во разигрувањето за шампионската титула во НБА-лигата ноќта четврток кон петок на распоредот беа три средби од првото коло по кои познати се уште три четвртфиналисти.

Филаделфија, Феникс и Далас со победи на гостински терен стигнаа до четвртиот триумф во серијата и си обезбедија пласман во конференциските полуфиналиња.

Резултати: Торонто – Филаделфија 97:132 (2-4 во победи) Њу Орлеанс – Феникс 109:115 (2-4) Јута – Далас 96:98 (2-4).

Во четвртфиналето ќе играат: Мајами – Филаделфија Бостон – Милвоки Феникс – Далас Голден Стејт – победникот од серијата Мемфис – Минесота (3-2 моментален резултат).



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2022 09:45