Стејт департментот денеска соопшти дека случајот со американската кошаркарка Бритни Грејнер се квалификува како противзаконско задржување од страна на Русија и дека нејзиниот случај е предаден во канцеларијата на специјалниот претставник на претседателот за заложници (СПЕХА), јави дописникот на МИА од Вашингтон.

СПЕХА раководи и координира со дипломатските напори на властите за ослободување на незаконски задржаните Американци во странство. Овој оддел играше важна улога во ослободувањето минатата недела на американскиот државјанин и поранешен маринец Тревор Рид, беше разменет за рускиот пилот Константин Јарошенко.

– Владата на САД се уште прави секакви напори за пружање соодветна поддршка на Бритни Грејнер, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Таа беше уапсена од руските власти кон средината на февруари откако пристигна со лет од Њујорк на московскиот аеродром Шереметјево, иако за тоа беше соопштено дури на 5 март. При претрес на нејзиниот багаж биле најдени потрони со масло од канабис за електронски цигари.

Против Грејнер е покренато кривично дело трговија со значајна количина наркотички средства. Според руските закони, казната за вакво дело може да биде од пет до 10 години затвор



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2022 01:36