Кошаркарите на Барселона се пласира помеѓу четирите најдобри во Евролигата, откако синоќа во петтиот дуел од четвртфиналната пресметка со Баерн победија со 81:72.
Гостите од Минхен беа подобар противник во првото полувреме и на пауза отидоа со шест поени предност (37:31). Сепак, во вториот дел не успеаја да го спречат Николас Лапровитолакој во третата четвртина постигна 13 од неговите рекордни во кариерата 26 поени. Каталонците ја преземаа контролата на резултатот и до крајот не му дозволија на противникот да се врати во водство.
Покрај Лапровитола, голема заслуга за победата има и Никола Миротиќ кој постигна 20 поени. Отело Хантер со 18 поени беше најефикасниот играч на Баерн.
Втора сезона по ред Баерн е елиминиран во четвртфиналето во натпреварот број 5.
Противник на Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во Евролигата кој ќе се игра во Белград ќе биде Реал Мадрид.
Во другото полуфинале ќе се соочат Анадолу Ефес и поуспешниот од пресметката Олимпијакос – Монако (2:2 по четири натпревари во серијата прв до три победи).