Најголемата ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ, верува дека неговиот тим може да направи пресврт во серијата со Феникс и покрај поразите на првите две средби во конференциското полуфинале од плејофот во НБА-лигата.

– Расположението е нормално. Многу од нашите играчи за прв пат се најдоа во ваква ситуација. На Феникс му требаат четири победи за севкупна победа, па серијата не е завршена. Се враќаме дома, имаме неверојатни навивачи, изјави Дончиќ.

Словенецот ноќеска постигна 35 поени, пет скока и седум асистенции, но и тоа не беше доволно Далас да го избегне поразот (129:109).

Следниот меѓусебен дуел е закажан за сабота во 3.30 часот на теренот на Далас.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2022 09:42