Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром го совлада вечерва Пелистер со 95-76 во првенственото дерби кое донесе врвна кошарка, но и инцидент на трибините во салата „Јане Сандански“.
МЗТ Скопје заслужено дојде до победата и се израмни на врвот на табелата со Пелистер со ефект од 24 победи и четири порази пред разигрувањето за титулата.
Немања Милошевиќ со 17 поени и девет скокови беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, додека Хуан Дејвис запиша поен помалку и пет скокови.
На стартот на втората четвртина полицијата и обезбедувањето спречија физички контакт меѓу навивачките групи, но двете страни искористија десетина пластични столчиња во пресметката.
Според првичните информации во инцидентот нема повредени.