Одбојкарките на Работнички го освоија шампионскиот трофеј и ја завршија сезоната со двојна круна, откако вечерва на домашен терен со максимални 3-0 во сетови ја совладаа Јанта Волеј во решавачкиот петти натпревар од разигрувањето за титулата во Првата македонска женска одбојкарска лига.
Финалната серија почна со две победи во низа на Јанта Волеј, но Работнички направи целосен пресврт и ја завери шампионската титула со триумф во мајсторката пред своите гледачи.
Работнички прикажа доминантна игра во петтиот натревар, триумфирајќи во сетови со 21-17, 21-14 и 25-21.