[phoot]
Центарот на Филаделфија Џоел Ембид се најде во составот за третиот меч од плејоф серијата со Мајами. Неговиот тим ноќеска победи со 99:79 и поведе со 2-1 во серијата прв до четири победи.
Играјќи со заштитна маска, Ембид за 36 минути поминати на теренот постигна 18 поени (5 од 12 од поле) и 11 скока.
– Имаме добри шанси да ја земеме главната награда. Треба да останеме здрави, изјави Ембид по натпреварот.
Камерунецот заработи повреда на окото и потрес на мозокот на последниот меч од серијата против Торонто во 1. коло од плејофот, по што ги пропушти првите две средби од второто коло.
Ембид е еден од претендентите за МВП на НБА-сезоната. Тој стана најдобар стрелец во регуларниот дел со просек од 30,6 поени по натпревар заедно со 11,7 скока, 4,2 асистенции и 1,5 блокади за 34 минути.