Помошникот тренер на Голден Стејт, Мајк Браун се очекува да биде назначен за главен тренер на кошаркарите на НБА лигашот Сакраменто, објави денеска ЕСПН, наведувајќи дека 52-годишниот стратег ќе потпише четиригодишен договор.
Браун е дел од стручниот штаб на Голден Стејт од 2016 година и учествуваше во освојувањето на две шампионски титули во НБА лигата (2017 и 2018). Беше главен тренер на Кливленд и Лос Анџелес лејкерс, и го понесе признанието најдобар тренер во 2009 година.
Сакраменто нема пласман во разигрувањето за титулата цели 16 последователни години, што е најдолга негативна серија во историјата на НБА.