Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, втора година по ред е избран за најкорисен играч во регуларниот дел од НБА сезоната.
Во гласањето на 100 спортски новинари, Јокиќ добил 65 први места, односно вкупно 875 бодови.
Второто место му припадна на центарот на Филаделфија 76ерс, Камерунецот Џоел Ембид со 706 бодови односно 26 први места, а третото на Гркот Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс со 595 бодови и девет први места.
Јокиќ го освои годинешното МВП со просек од 27,1 коша, 13,8 скокови и 7,9 асистенции по натпревар.
Тој е 13 играч во историјата на НБА лигата кој наградата за МВП ја добива две години по ред покрај Јанис Адетокумбо, Карим Абдул Џабар, Лари Бирд, Вил Чембрерлејн, Стеген Кари, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордон, Мозес Мелоун, Стив Неш и Бил Расел.