Кошаркарската Евролига го соопшти денеска составот на идеалниот тим за актуелната сезона во кој се најдоа играчи на Барселона, Реал Мадрид, Олимпијакос, Монако и Ефес.
Идеалната петорка ја сочинуваат Никола Миротиќ (Барселона), Мајк Џејмс (Монако), Шејн Ларкин (Ефес), Саша Везенков (Олимпијакос) и Валтер Таварес (Реал Мадрид).
Во изборот на идеалниот тим гласаа новинари, навивачи, како и капитените и тренерите на евролигашките екипи.
Фајналфор турнирот за оваа сезона е на програмата од 19 до 21 мај во Белград, а двете полуфинални двојки се Олимпијакос – Ефес и Реал Мадрид – Барселона.