Младинската Екипа на МЗТ Скопје Аеродром е шампион во М12 Лигата, информира Кошаркарската федерација на Република Македонија.

По три четвртини од финалето против екипата на Вардар, момчињата во „сино-бела“ комбинација имаа предност 42:36, за на крајот да ги совладаат со 49:47.

Победата за МЗТ ја осигура најдобриот играч на екипата од Аеродром, Филип Ѓорѓиевски кој погоди едно слободно фрлање, негов 17 поен.

Финалниот натпревар од М12 Лигата се одигра во СРЦ „Кале“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2022 10:49