Поранешниот германски кошаркарски репрезентативец Адемола Окулаџа почина по долга и тешка болест на 46 – годишна возраст, јавија синоќа германските медиуми.

Окулаџа одигра 172 натпревари во дресот на Германија, а во 2002 година беше дел од репрезентативниот состав кој ја освои бронзата на Светското првенство.

Роден во Нигерија, Окулаџа се пресели со семејството во Германија на три годишна возраст, а кошаркарската кариера ја почна во Алба Берлин.

Настапуваше и за Барселона, Бенетон и Валенсија, меѓу другите екипи, а по завршувањето на кариерата беше аналитичар и коментатор, како и сопственик на компанија за спортско советување.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2022 10:14