Кошаркарите на Мајами го совладаа синоќа Бостон на гостински терен со 109-103 и поведоа со 2-1 по третиот натпревар во финалната серија во Источната конференција во НБА лигата.
Мајами водеше во текот на целиот натпревар, но домашниот тим со помош на публиката дојде на чекор до резултатски пресврт, кој на крајот, сепак, не можеше да го комплетира.
Адебајо го предводеше Мајами до оваа важна победа со 31 поени, 10 скокови и шест асистенции, додека кај Бостон најефикасен беше Браун, постигнувајќи 40 кошеви.
Четвртиот натпревар во серијата до четири победи повторно се игра во Бостон и е на програмата ноќта меѓу понеделник и вторник.