Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, истакна дека неговите играчи испишаа историја со одбраната на титулата во кошаркарската Евролига.
– Не сакам да зборувам премногу за самиот натпревар, но чувството е неверојатно. Горд сум на моите играчи, влегоа во историјата на турската и европската кошарка. Благодарност до Евролигата и до Белград за одличната организација на завршниот турнир. Благодарност и до нашите навивачи, изјави Атаман на официјалната прес-конференција, откако Ефес синоќа во финалето го совлада Реал Мадрид со 58-57 (14-15, 15-19, 11-8, 18-15).
Само петмина кошаркари во редовите на европскиот првак се запишаа во листата на стрелци во финалето, а ги предводеше српскиот кошаркар Василије Мициќ со 23 поени.
Во натпреварот за третото место, Барселона го совлада Олимпијакос со 84-74 (20-18, 25-18, 17-18, 22-18).