Кошаркарите на Голден стејт се наоѓаат на чекор до големото финале во НБА-лигата. Вориорс синоќа во третиот натпревар од финалето на Западната конференција победија на гостувањето кај Далас со резултат 109:100.

Ова беше трета победа за Голден стејт во серијата прв до четири.

Воедно, Вориорс ја продолжија својата рекордна серија на извојување барем една гостинска победа во 26 последователни плејоф серии. Ова е најдобриот резултат во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.

И четвртиот натпревар од серијата ќе се игра во Далас.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2022 09:30