Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ постигна 30 поени, 14 скока и девет асистенции во победата на неговиот тим над Голден Стејт со 119:109 во четвртиот натпревар од финалето во Западната конференција.

На Дончиќ му недостасуваше една асистенција до првиот трипл-дабл во оваа плејоф сезона. Вкупно, словенечкиот репрезентативец има 49 трипл-дабл (46 во регуларниот дел, три во плеј-офот).

Маверикс успеаја да избегнат „метла“ и да ја продолжат серијата во плејофот на НБА-лигата.

Петтиот натпревар ќе се одигра в петок во Сан Франциско.

Во финалето на Истокот играат Бостон селтикс и Мајами хит. Резултатот по четири натпревари е 2:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 08:46