Англискиот вицешампион Ливерпул ги прецизираше сите детали за потпишување договор со крилниот напаѓач Фабио Карваљо од повратникот во Премиер лигата Фулам.

Британските медиуми објавија дека Ливерпул му платил обесштетување на Фулам во износ од пет милиони фунти, а со договорот се предвидени и бонуси.

Фулам оваа сезона го освои првото место во англискиот Чемпионшип и со тоа по едногодишна пауза се врати во елитата, а 19-годишниот Карваљо придонесе со десет голови и девет асистенции.

Трансферот на Карваљо во Ливерпул официјално ќе биде комплетиран на 1 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2022 02:20