Кошаркарите на Бостон селтикс ноќеска забележаа победа на гостувањето кај Мајами хит со 93:80 во петтиот натпревар од финалната серија во Источната конференција на НБА-плејофот.
Селтикс по овој триумф поведоа со 3:2 во серијата прв до четири победи.
Тандемот Џејлен Браун – Џејсон Тејтум ја предводеа својата екипа со 25, односно 22 уфрлени поени. Тејтум на 22 коша додаде и 12 скока и девет асистенции и само едно додавање го делеше од трипл-дабл.
Во домашниот тим најефикасен беше Бем Адебајо со 18 поени, оствари и 10 скока за дабл-дабл ефект.
Следниот меч во серијата е закажа за сабота во Бостон.
Во финалето на Западната конференција, Голден Стејт води против Далас маверикс со 3:1.