Со двете полуфинални пресметки меѓу МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ и Пелистер – Еуро Никел вечер почнува доигрувањето за шампионската титула во Првата македонска кошарка лига.

Фаворитската улога ја имаат кошаркарите на МЗТ Скопје, кои од 19 часот во салата „Јане Сандански“ го пречекуваат градскиот ривал ТФТ.

Половина час претходно во Битола е закажан стартот на првиот полуфинален дуел меѓу Пелистер и Еуро Никел.

Реваншите ќе се играат в недела, а евентуалните мајсторки се на програмата во вторник на теренот на подобро пласираните екипи во регуларниот дел од сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 13:31