Кошаркарите на Мајами со триумф од 111-103 на гостувањето кај Бостон израмнија синоќа на 3-3 во серијата до четири победи во финалето на источната конференција во НБА лигата и се изборија за решавачки седми натпревар на домашен терен.

Мајами беше предводен од фантастичниот Џими Батлер, кој соочен со елиминација на својот тим, постигна 47 поени, од кои седум во завршните две минути при резултат 99-99.

Решавачкиот натпревар ќе се игра во Мајами ноќта меѓу понеделник и вторник, а победникот за противник во големото финале ќе ја има екипата на Голден Стејт, која во финалето на Западот го елиминираше Далас со 4-1.

Мајами во периодот од 2011 до 2020 година настапи во пет финалиња и освои две титули (2012, 2013), додека Бостон ќе се обиде да дојде до својот прв пласман во финале по 2010 година и прва шампионска титула по 2008.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 03:01