Трофејната НБА екипа Лос Анџелес Лејкерс го избра за свој нов тренер досегашниот помошник во Милвоки, 48-годишниот Дарвин Хем.

Хем на клупата на Лејкерс треба да го замени Франк Вогел, кој доби отказ откако сезонава не успеа да избори пласман во плејофот, иако пред две години му ја донесе на тимот 17-та шампионска титула.

За Хем ова ќе биде прв ангажман како главен тренер, откако изминатите 11 години беше помошник во НБА лигата, вклучувајќи го и периодот од 2011 до 2013 во Лејкерс.

Американските медиуми јавија дека Хем и Лејкерс договориле четири годишна соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 03:02