Екипата на Еуро Никел вечерва забележа победа над Пелистер со 90:89 во натпреварот број два од полуфиналната пресметка во кошаркарскиот плејоф.
Домаќините на четири минути пред крајот имаа предност од десет поени разлика, но му дозволија на Пелистер да се врати резултатски. Пелистерци дури имаа и напад за победа, но Бпобан Стајиќ не реализира во последната секунда.
Најзаслужни за победата на кавадарчани беа Калахан со 17 и Томиќ со 14 поени.
Кај поразените се истакнаа Малешевиќ со 23, Стајиќ и Кесар со по 19 поени.
Третиот и решавачки натпревар ќе се игра во вторник во Битола.
Во другото полуфинале вечер во СРЦ „Кале“ играат ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром. Аеродромци водат со 1-0 и се на еден чекор до пласман во големото финале.